Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Премиера на филмот „Ноќен живот“ во Карлови Вари

$
0
0
Вовед: 

Филмот „Ноќен живот” на словенечкиот режисер Дамјан Козоле, копродукција на Словенија, Македонија и Босна и Херцеговина премиерно ќе биде прикажан о гвлавната селекција на Филмскиот фестивал во Карлови Вари на 6 јули...

Содржина: 

Како што соопшти „Сестри и брат Митевски“ - копродукциски партнер од Македонија, филмот раскажува за двајца сопружници чии животи одеднаш ќе се сменат по несреќата што ќе му се случи на мажот.

- Филмот беше поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија. Македонската екипа ја сочинуваат актерот Петар Арсовски, Иво Трајков како монтажер, Мојца Горогранц-Петрушевска - шминкер, композиции и музика се користени од Сашко Коцев, асистент на камера е Маријан Боцевски, асистент на сценографија е Бобан Петрушевски, дел од звукот е работен во Аудиохаус и специјални ефекти се изработени во студиото на ФХ3Х, информира македонската продукција.

Режисерот Козоле е познат по актуелните теми на неговите филмови кои постигнуваат и големи успеси на фестиваите, но и во дистрибуцијата во Европа. Меѓу неговите поуспешни филмови е „Резервни делови” кој беше прикажан во главната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал и дистрибуиран во 15 европски земји.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>