Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Саем на книга во Матица од 20 до 31 јануари

$
0
0
Вовед: 

Клубот „Матица“ од 20 до 31 јануари го организира традиционалниот Саем на книгата со наслов „Книга во секој дом“...

Содржина: 

Од „Матица“ соопштуваат дека годинава со поднаслов „300.000 книги во Матица“, читателската публика ќе може да си избере наслови од комплетната домашна и странска продукција.

– Во соработка со повеќето македонски издавачки куќи и реномирани светски и регионални издавачки компании како „Харпер Колинс“, „Парагон“, „Орион“, „Делфи“, „Вулкан“ и „Лагуна“ ќе бидат понудени најновите остварувања од домашната и светска прозаистика, архитектура и уметност, најчитаните наслови и автори од областа на економијата, филозофијата, гастрономија и лексикографија, историја и поезија, енциклопедии, книги за најмладите, креативни проекти итн, најавуваат од „Матица“.

Информираат дека во деновите што следат посебен акцент ќе биде ставен на средби со читателите на младите автори, Вера Калин, Ксенија Николова, Ана Бунтеска, Евгениј Хоуп, Марија Лозаноска, Јован Илиески и Драган Јованов.

Покрај домашните автори, на Саемот ќе бидат понудени најновите остварувања на светски познатите Баркли, Каризи, Рајли, Љоса, Зафон, Лејкер, Ноухаус, Содерберг, Сарамаго, Кобен и други.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>