Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Министерството за култура ги објави проектите кои добија поддршка за 2017 година

$
0
0
Вовед: 

На својата веб-страница www.kultura.gov.mkМинистерството за културa ги објави проектите кои се содржани во годишните програми на националните установи за 2017 година,како и проектите поддржани на годишните конкурси по одделни области и активности од културата за 2017 година...

Содржина: 

Има проекти од национален интерес од областа на музичко-сценската дејност, каде се поддржани голем број концерти и изведби, како и меѓународни манифестации од музичко-сценски карактер; во издавачката дејност ќе бидат публикувани дела кои се значајни за македонската култура и наука, во визуелната дејност се поддржуваат проекти и изложби на националните установи, во драмската дејност се очекува зголемена продукција на претстави, а и оваа година ќе има промоција на македонската култура во странство.

Продолжува и поддршката на проектите од областа на заштитата на културното наследство. Буџетот за 2017 година на Министерството за култура е 4 милијарди денари и во споредба со минатогодишниот е зголемен за 15,43 проценти. Програмските средства изнесуваат 893.367.000 денари.

Покрај завршувањето на неколку значајни капитални проекти, како изградба на нови објекти наменети за институциите од културата, ќе продолжат и стимулативните мерки – откупот на ликовни дела и скулптури од галериски формат, поддршката за создавање композиции од народната и од забавната музика, како и дела од класичната музика.

Предвидени се и средства за мерките за валоризација на трудот на уметниците, меѓу кои се исплатата на надомест на национален уметник и за национални пензии во културата.

Поддршка од Министерството за култура и оваа година ќе имаат традиционалните манифестации, како „Топол културен бран”, „Град на културата”, „Културно лето, културна зима“, чија цел е заживување на културата и во помалите градови низ државата.

– Министерството за култура со зголемен интензитет продолжува со рамномерниот развој на сите дејности од областа на културата, збогатување на културната понуда во нашата држава, унапредување на статусот на авторите и уметниците, подобрување на условите во кои тие работат и творат, стимулација на творештвото, негување на вредностите на сите етнички заедници кои живеат во Република Македонија, истакнуваат во Министерството за култура.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>