Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Проекција на документарни филмови од режисерот Томиcлав Жаја

$
0
0
Вовед: 

Здружението СОЛЕМ - Скопје организира проекција на серија документарни филмови од наградуваниот режисер Томислав Жаја, проследени со дискусија...

Содржина: 

Здружението СОЛЕМ - Скопје организира проекција на серија документарни филмови од наградуваниот режисер Томислав Жаја, проследени со дискусија.

Овие проекции се продолжување на иницијативата, започната во октомври 2016 со прикажувањето на документарниот филм „Слободни“, за покренување на прашањето за деинституционализација на лицата со интелектуална попреченост.

Проекциите ќе се одржат на 24.01 (вторник) и 25.01.2017 (среда), со почеток од 11:30 часот, во Бизнис салата на Скопски саем.

Осумте кратки документарни филмови прикажуваат различни аспекти од проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост, а кои мора да бидат соодветно адресирани од страна на донесувачите на одлуки, институциите, стручната јавност и бизнис заедницата.

Токму затоа, целта на овој настан е и да отвори дискусија, отворено и јавно да се разговара за предизвиците, пречките, но и начините и можните решенија за подобрување на состојбата, што ќе води кон поголема и посеопфатна социјална инклузија на лицата со попреченост, во сите сфери на општеството.

Во двата дена, ќе бидат прикажани следните филмови: Регионализација, Активна поддршка – едукација за асистенти, Старателско семејство – деца, Живеење со поддршка, Евалуација, Самозастапување, Нов ден и Работам, значи постојам.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Latest Images

Trending Articles

<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>