Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Скопје Cинема Сити – Загревање во Кинотека на Македонија

$
0
0
Вовед: 

На 3 и 4 февруари во Кинотека на Македонија ќе започне Скопје Синема Сити – Загревање, настан на којшто ќе биде прикажан избор на филмови од второто издание на филмскиот фестивал Скопје Синема Сити, што се одржа во октомври 2016 година...

Содржина: 

„Загревање“ е настан во рамките на којшто Фестивалот, веќе традиционално во февруари, репризира избор од филмовите од претходното издание. Скопје Синема Сити, пак, е фестивал за музички документарни филмови на којшто се прикажуваат бројни филмови од различни продукции, вклучувајќи ја и домашната.

Првото издание на Фестивалот се случи во 2015 година фестивалот со трибјут за Дејвид Боуви, а во рамките на второто издание во 2016 година се направи трибјут за Леонард Коен. Фестивалот беше организиран во Кинотека на Македонија и во фокусот беше кантавторот Леонард Коен, со чијшто филм „Јас сум тој“ и беше отворена манифестацијата.

Исто така, Фестивалот оствари соработка со британската телевизиска продукција Би-би- си, па беа прикажани повеќе нивни филмови.

Со почеток во 20 часот во Кинотека на Македонија, на 3 февруари, посетителите ќе имаат можност да ги проследат филмовите: „Роберт Плант: Јас самиот“ и „Леонард Коен: Јас сум тој“, додека на 4 февруари, повторно со почеток од 20 часот, ќе бидат прикажани филмовите „Пинк Флојд: А кој од вас е Пинк?“ и „Фактори Рекордс: Од Џој Дивижн до Хепи Мандејс“, но ќе се случи и премиерно прикажување на краткиот филм за Љубојна, „Радио Љубојна“.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>