Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Наградени најдобрите карикатури и афоризми на Меѓународниот фестивал во Cтрумица

$
0
0
Вовед: 

Златната плакета на 18-от Меѓународен фестивал на афоризам и карикатура што се одржува во Струмица ја доби Ивајло Цветков од Бугарија...

Содржина: 

Меѓународното жири во состав Маја Чолакова од Бугарија како претседател и членовите од Македонија, Мирослав Георгиевски, Горги Панов, Никола Сарајлија и Александар Филев одлучувале за 200 карикатури и 400 афоризми кои пристигнале од 30 земји од светот.

– Со овие пристигнати дела, еротскиот цртеж добива една нова димензија, може авторите се повторуваат, но нивните дела се многу нови и го задржуваат вниманието. Од година во година се подобрува не само квантитетот туку и квалитетот на пристигнатите цртежи. Збирката досегашни цртежи ја претставивме во Габрово соседна Бугарија, а се надеваме дека ќе ја однесеме и во Софија, вели Марјан Пецев Захов, организатор на Фестивалот. Сребрената и бронзената плакета за карикатура ќе ги добијат Константин Казанчев од Украина и Клаус Питер од Австрија. Одлуката била тешко да се донесе, вели претседателката на жирито, Чолакова.

– Неколку пати сум учествувала и лично како автор на овој фестивал. Затоа може слободно да кажам дека расте неговото значање меѓу карикатуристите. Овој фестивал има навистина уникатна тема- еротиката, но истата поврзана со карневалот. Тука е таа уникатна нишка. Има многу фестивали со еротска содржина, но оваа поврзаност со карневалот отвора многу поширок простор за уметничка креативност, вели Чолакова.

За оригиналноста на темата зборуваше и членот на жирито Георгиевски, кој посочи дека токму тоа било провокација за карикатуристите од странство да учествуваат на него.

– Повеќе од 30 години сум учесник на бројни фестивали. Моите колеги од странство секогаш го нагласуваат задоволството да учествуваат на струмичкиот фестивал токму поради слободата на темата. Еротиката и карневалот ги ослободуваат од тежината секојдневните политички и општествени теми кои се предмет на нивното креативно работење, рече Георгиевски.

Златната плакета кај афоризмите оди во Србија, кај афористичарот Милорад Вујновиќ под шифра „Чаробна ламба“. И сребрената и бронзената плакета ги добиваат афористичари од Србија, Пеко Лаличиќ шифра „Зоро свети“ и Александар Чортиќ шифра „Тајна веза“.

– Нијанси одлучуваа кој ќе го понесе пиететот најдобар афоризам. Навистина имавме афоризми на мајстори на пишаниот збор кој одлично си ја завршиле работата. Многу прецизно читавме и одлучувавме кои се најдобрите. Затоа годинава освен плакети, доделуваме и девет дипломи, што е најмногу досега, како своевидно признание на авторите, рече Горги Панов, член на жирито.

Осум дипломи ќе бидат доделени и за ристигнатите карикатури од автори. Традиционално изложбата на карикатурите и читањето на афоризмите ќе се одржи на Чист понеделник (27 февруари 2017) во склоп на карневалското празнување во Струмица.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>