Вовед:
Во Археолошкиот музеј на Македонија предавање ќе одржат руските археолози Андреј Мазуркович и Екатерина Долбунова, гости од музејот Ермитаж од Санкт Петербург...
Содржина:
Со нивното предавање завршува меѓународниот научен собир за предисторија, кој во организација на Центарот за изучување на предисторијата се одржува од 11 мај секој ден во музеите во Скопје, Битола и Охрид, преку предавања, работилници и презентации на археолози од разни земји.
– Археолозите од Русија ќе говорат за неолитот помеѓу седмиот и третиот милениум п.н.е. Со бесплатната музејска тура за странските гости и со овој настан НУ Археолошки музеј го одбележува Меѓународниот ден на музеите, а воедно им го честита денот на сите музеолози, соопшти Археолошкиот музеј.
Воведна слика:

Категорија:
Иде на слајдер ?:
Не
додади слика:
