Во Галеријата на Младинскиот кутурен центар вечерва, 3 јуни, ќе биде отворена самостојната изложба на Касиопеја Наумоска...
За ликовното творештво на Касиопеја Наумоска и за изложбата, ликовниот критичар Горјан Ѓорѓиев истакна дека креативноста на Касиопеја произлегува од богатата уметничка имагинација, од длабоки и интимни сфери на потсвеста.
- Во нејзините, за мене најдобри платна, доминираат амбиенти прекриени со пурпурна и кафеава боја во кои може да се забележи фовистичкиот израз на лицата на нејзините лирски актери и актерки, кои директно не 'пумпаат‘ со размисли и емоциии“, смета Ѓорѓиев.
Касиопеја Наумоска е родена во Скопје, во 1968 година. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје 1993 година. Магистер е по Студии на културата, Институт за општествени и хуманистички науки од 2016 година.

