Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

ДПМ на 16 февруари ќе го одбележи 70-от роденден

$
0
0
Вовед: 

Друштвото на писателите на Македонија по повод 70-тиот роденден на 16 февруари ќе организира свечен собир, на кој годишните награди „Ацо Шопов“, „Стале Попов“, „Димитар Митрев“ и „Ванчо Николески“ ќе им бидат врачени на годинашните лауреати Гордана Михаилова-Бошнакоска, Лилјана Пандева, Кристина Николовска и Александар Поповски...

Содржина: 

ДПМ соопшти дека на свечениот собир идниот четврток ќе му додели Повелба на стопанственикот Трифун Костовски кој по повод 70 години од формирањето на македонската писателска асоцијација донирал 100.000 денари.

– По повод овој чин, ДПМ на Трифун Костовски, чија фондација при МАНУ со години е редок пример на вложувања во областа на науката и уметноста, му изразува јавна благодарност за неговата поддршка на културните и творечките процеси. Во знак на признателност, на Костовски ќе му биде предадена Повелба на ДПМ за осведочен поттикнувач на вредностите во културата и поклоник на големото дело на Блаже Конески, првиот претседател на македонската писателска асоцијација, информира ДПМ.

Друштвото на писателите на Македонија е формирано на 13 февруари 1947 година. Во изминатите седум децении во ДПМ членувале 540 писатели кои создале илјадници дела во областа на поезијата, романот, расказот, драмата, критиката, есеистиката и литературата за деца.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>