Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Изложба на дела од Меѓународната леcновска ликовна колонија

$
0
0
Вовед: 

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, вечерва, 16 февруари, со почеток во 19:30 часот, ќе биде отворена изложба на дела од 25-та Меѓународна лесновска ликовна колонија...

Содржина: 

Љубителите на уметноста ќе имаат можност да погледнат 24 платна и скулптура од гипс.

– Посетителите ќе имаат можност да разгледаат дела работени во различни техники и стилови. Дел се инспирирани од непосредната околина на Лесново, а дел се сопствени креации на авторите, изјави Роберт Цветковски, историчар на уметноста од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово.

Организатор и координатор на колонијата е Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип.

Колонијата се одржа во Лесново, а минатата година учествуваа 16 уметници од кои девет домашни и тројца од Бугарија и Србија. На колонијата твореа Новица Трајковски, Ѓоко Антониев, Андреј Маневски, Јулија Манојловска, Васил Гаврилов, Христина Стојчевска, Тони Величковски, Мики Иванов, Бисер Кирилов од Бугарија, Жарко Вучковиќ од Србија и уметници аматери од Пробиштип.

Изложбата ќе трае до први март годинава.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>