Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Почна регистрацијата за „Женска трка 2017“

$
0
0
Вовед: 

Традиционално пред почетокот на долгоочекуваниот Виз Ер Скопски Маратон, на 9-ти април (недела), ќе се одржи 5-тата по ред Женска трка во Градскиот Парк... 

Содржина: 

Истата е со должина од 2км и на крајот од трката сите натпреварувачки учествуваат во лотарија со богати награди од спонзорите. Истата се организира од страна на Сојуз на Спортови на Скопје и е во покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки за Виз Ер Скопскиот Маратон кој ќе се одржи на 07 мај 2017 година и за кој сè уште трае рокот за пријавување.

На маратонот досега се имаат пријавено над 1.500 учесници од 31 земја – бројка која ветува и ова издание на Виз Ер Скопскиот маратон да е најмасовното до сега.

За Женската трка 2017 пријавувањето започнува од 16-ти февруари, а сите кои ќе се пријават во првите 4 денови ќе можат да си го изберат стартниот број.

Првиот рок за пријавување ќе заврши на 28-ми февруари, каде по завршување на истиот цените постепено ќе се зголемуваат.

Пријавувањето и регистрацијата за Женската трка 2017 ќе може да се направи преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон http://skopskimaraton.com.mk/zenskatrka2017и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.smartrace.club.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>