Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

„Гучи“ не доби дозвола за организирање модна ревија на атинскиот Акропол

$
0
0
Вовед: 

Министерството за култура на Грција го одби барањето на италијанскиот моден гигант „Гучи“, кој сакаше во текот на летото да организира модна ревија на атинскиот Акропол...

Содржина: 

Министерката за култура, Лидија Кониорду за грчката државна телевизија изјави дека барањето е одбиено по препорака на група експерти од ресорното Министерство, додавајќи дека таа целосно се согласува со таквата одлука.

– Наша должност е да го заштитуваме Акропол како глобален симбол на демократијате и слобода, рече грчката министерка.

Акропол се наоѓа на листата на Светско културно наследство на УНЕСКО.

Грција досега во принцип ги одбиваше барањата за комерцијална употреба на античките споменици. Така, на пејачката Џенифер Лопез во 2008 година не и беше дозволено на направи фото сесија на Акропол.

Еден од ретките филмови каде можат да се видат автентични снимки од тој локалитет „Тhe Two Faces of January“ од 2014 година, каде главните улоги ги толкуваат Виго Мортенсен и Кирстен Данст.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>