Пред преполна сала во КИЦ на Република Македонија во Софија беше претставен проектот "Сподели Радост", подготвен од македонски уметници кои живеат и работат во Бугарија...
Актерот Иван Калошев и режисерот Ѓорги Георгиев-Антика интерпретираа стихови од познати македонски поети, а ликовните уметници Маријана Иванова, Марјан Ѕин, Перица Георгиев-Пепси, Зоран Мише, Горан Тричковски, Павел Целкоски, Слободан Милошески и Иво Пецов свои ликовни дела.
Публиката во нашиот Центар освен каталози од изложбата, имаше можност да добие и пригоден рекламен материјал за туристичките можности на нашата држава, подарок од Агенцијата за промоција и поддршка и на туризмот на Р. Македонија.
Проектот кој е поддржан од Министерството за култура, го отвори директорот на нашиот Центар во Бугарија, Васко Шутаров, кој пред присутните ја претстави и годишната"Програма 2017"со која во преку 30 проекти ќе биде презентираната нашата култура во Софија и десетина други градови во Р. Бугарија.


