Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Нова пpодукција на велешкиот театар

$
0
0
Вовед: 

Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес почна со подготовки на својата нова продукција, прва од Годишната програма на театарот за 2017, поддржна од Министерството за култура...

Содржина: 

Се работи за драмскиот текст „Театар, љубов моја“ на познатиот бугарски автор Валери Петров, а во режија на Деан Дамјановски.

Пиесата „Театар, љубов моја“ Валери Петров ја напишал во 1981 година, специјално за двете големи актерки на бугарскиот театар Тања Масалитинова и Славка Славова. Оттогаш до денеска таа е поставена на сцената на повеќе бугарски и европски театри и влегува во историјата на театарот како една од најубаво напишаните декларации на љубовта кон театарот. Неговата постановка во Велешкиот театар е и негова праизведба на македонската театарска сцена.

Во претставата настапуваат актерките Кети Борисовска, Талија Настова, Зорица Панчиќ и Кица Ивковска. Сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Раде Василев, а автор на музиката е Сашко Костов.

Премиерата на претставата, како што информира Велешкиот театар, е предвидена за крајот на март.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>