Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Драмска презентација на поемата „Дениција“ во Охрид

$
0
0
Вовед: 

Во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Ici et la“ од Париз, Франција, во четврток на 23 февруари, со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура Охрид, повторно ќе се прокажи драмската презентација на историската поема „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски...

Содржина: 

Подготвуван последните две години како поетско-театарски сон што ја пласира „Дениција“ во основата на македонскиот духовен идентитет во европски и светски рамки, нејзината праизведба во Македонија се совпаѓа со десетгодишнината од смртта на акедмик Петре М. Андреевски (1934-2006).

Во овој несекојдневен театарски потфат на режисерот Константин Плевнеш, кој е воедно автор на оригиналната музика, во улогата на Петре М. Андреевски настапува првенецот на Драмскиот театар Рубенс Муратовски, во улогата на Дениција, младата актерка Димитрина Мицкоска, а во улогата на божицата Талија, Саша Ефтимова од МОБ.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Марија Пупучевска, видео-арт Милчо Узунов, додека уметнички советник е Флориан Габер.

Во рамките на претставата користени се и пет слики на Сергеј Андреевски на тема „Дениција“.

Интересно е да се одбележи дека претставата е во копродукција со парискиот театар „Ici et la“, со оглед на фактот што поезијата на Петре М. Андреевски е преведена на француски, предвиден е и настап во повеќе Европски метрополи.

Билети во продажба на билетарата на Центарот за култура, цена 200 денари.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>