Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Во Штип одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

$
0
0
Вовед: 

Во Националната установа Универзитетска библиотека (НУУБ) „Гоце Делчев“ денеска Општина Штип и двете детски градинки го одбележаа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари...

Содржина: 

Советникот за образование во Општина Штип, Марија Џонова-Попова рече дека со вклучување на децата од предшколска возраст во креативната работилница сакаат да пренесат порака за негување и зачувавање на мајчиниот јазик.

– Во Библиотеката денеска со дечињата имавме креативна работилница. Децата разговараа со писател им беше прочитана приказна и песничка од книгите на Трајче Кацаров, потоа гледаа приказни на македонски јазик, вели Џонова-Попова.

Педагогот во детската градинка „Вера Циривири-Трена“-Штип, Виолета Јакимовска вели дека воспитувачите но и сите вработени се трудат да го говорат стандарниот македонски јазик, а неговото учење се одвива преку најразлични форми на разговори, потоа преку истражување, дијалог, комуникација со родителите.

– Сакам да потенцирам дека родителите, семејството е првата база, од каде што треба да започнеме и да го продолжиме почитувањето на употребата на мајчиниот јазик. Значи родителите треба правилно да им зборуваат на децата, вели Јакимовска.

Штипската Библиотека во рамките на одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик денеска и утре има низа на активности во кои се вклучени децата, а утре, 22 февруари, ќе биде промовиран поетот роднокраец Љупчо Стојменски.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>