Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Повеќе од сто наcтани на манифеcтацијата „Берово – град на културата“

$
0
0
Вовед: 

Во рамки на манифестацијата „Берово – град на културата“ во Берово од средината на март до крајот на годинава ќе бидат организирани повеќе од сто настани...

Содржина: 

Берово ја презеде титулата од Дојран, а денеска по овој повод општината ја посети министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

За манифестацијата се обезбедени два милиони денари од буџетот на Министерството за култура, а програмата ќе опфати разновидни настани – претстави, концерти, фолклорни изведби, изложби и литературни промоции, гостувања на театри и ансамбли од Македонија и од регионот со кои општината има добра соработка, настапи на солисти од Македонската опера и балет, Софиската опера, а на централната улица покрај староградската архитектура ќе творат креативци на отворено...

Министерката очекува дека културната понуда на манифестацијата ќе придонесе во зголемување на бројот на посетители и туристи во градот.

- Берово е град со длабока традиција кој многу е посветен на нејзиното негување, на обичаите и старите занаети и на сето она што е карактеристично за градот. Берово го доби епитетот Град на културата за 2017 и тоа го заслужува. Туризмот овде го има во текот на целата година. Се надевам дека со доделувањето на Град на културата ќе придонесеме за унапредување на локалниот културен развој, затоа што оваа манифестација е бенефит токму за локалниот развој и за зголемување на туристичкиот потенцијал, изјави Канческа-Милевска.

Посочи дека општината, во која нема национална установа од културата, Министерството за култура секоја година обезбедува поддршка и за други настани, како „Културно лето и културна зима“, настани од „Топол културен бран“, а во градот беше отворена и сувенирница.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>