Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Во Прилеп почнува меѓународниот карневал „Прочка“

$
0
0
Вовед: 

Детскиот карневал во рамки на меѓународниот карневал „Прочка“ ќе се одржува денеска напладне (сабота, 25 февруари) на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп... 

Содржина: 

Маскирани деца и ученици до 14 години ќе продефилираат на плоштадот, а најавено е и куклено шоу, магионичари, жонглерски и други атракции.

Прилепскиот карневал се одржува по 16. пат, а годинава ќе се одржи и првата научна конференција „Обреди и фестивали под маски на Балканот: традиција, состојба, тенденција“, на која ќе се пријавени учесници од Србија, Бугарија и Македонија, а реферати ќе имаат етнолози од Словенија, Хрватска и од Грција.

Според советничката за култура во прилепската локална самоуправа Снежана Ристеска, на конференцијата ќе се истакне улогата на маската и маскирањето како дел од културната историја и наследството на Балканот низ вековите, а материјалот од конференцијата ќе биде испечатен и издаден од општината заедно со Институтот за старословенска култура кои ја организираат.

Прилепскиот карневал е влезен во Европската асоцијација на карневалски градови и е во организација на локалната самоуправа и Здружението „Прилепски мечкари“.

В недела од 13 часот е дефилето на маските кои стручна комисија ќе ги оценува и ќе ги избере најдобрите.

Организаторите најавуваат околу 1.000 маски на учесници од Македонија, Албанија, Србија и Бугарија. Традиционално, карневалските настани завршуват в понеделник со посен ручек.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles