На главното карневалско дефиле на кое низ улиците до градскиот плоштад во Струмица продефилираа околу 1.100 учесници од Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Русија и Аруба...
Организаторите на традиционалниот Струмички карневал оценуваат дека и годинашното издание поминало според планираното.
Годинава за принц и принцеза беа избрани брачниот пар Александар и Соња Ташеви кои ја предводеа главната карневалска поворка. На плоштадот во Струмица се одржа и детскиот карневал каде најмладите ги покажаа своите креации со ликовите од цртаните филмови.
Денеска, кога е чист понеделник, на градскиот плоштад ќе биде послужен бел грав. Претпладнето ќе бидат објавени најдобрите маски, а вечерта ќе биде отворена изложбата на карикатури и афоризми, учесници на 18-от Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам.
Во вторник ќе бидат доделени наградите од Интернационалната карневалски вечер и тримерската карневалска забава.
Карневалските денови во Струмица завршуваат в среда со одбележување на празникот Тримери.


