На 9 март во Салон 19:19 ќе се одржи промоција на книгата „Ала турка-ала франга” од Елена Максимовска, во издание на „Кат“...
Елена Максимовска е моден дизајнер,а во досегашното нејзино резиме можат да се вбројат доста проекти како асистент-костимограф, и костимограф на документарен игран филм, театарска претстава, балетска претстава и други проекти и ТВ реклами. Има спроведено многубројни обуки на воспитувачи и наставници за дизајн.
Покрај модниот дизајн предизвик и е и графичкиот дизајн, па зад себе има изработено десетина дизајни на корици за книги и илустрации за нив.
Книгата „Ала турка-ала франга” изобилува со многу фотографии, кои даваат комплетна слика на текстот и на тој начин е поблиска на поголемата читателска публика.
Книгата ќе ја промовираат Татјана Гогоска и Александра Бела, а водител на вечерта ќе биде Жаклина Мучева, новинар.

