Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Виолинистот Роби Лакатош ќе гостува во Битола

$
0
0
Вовед: 

Заедничкиот концерт на светски познатиот виолинист Роби Лакатош со Камерниот оркестар на Битола е закажан за 26 март во големата сала на Центарот за култура...

Содржина: 

Влезниците за овој редок културен настан ќе бидат пуштени во продажба денеска, 8 март.

- Врвниот виолинист, виртуозот на „Чардашот”- Роби Лакатош за прв пат ќе гостува во Битола. Роби Лакатош не е само виртуоз, со неговата уникатност и стилска разновидност создава магија на сцената. Со леснотија ја комбинира класичната музика, со џез и унгарски фолклорен идиом, посочуваат од секторот за односи со јавност на НУ Центар за култура-Битола.

Лакатош настапувал на најпознатите фестивали во Европа, Азија и Америка, заедно со најголемите џез имиња како Херби Хенкок, Квинси Џонс, Стефан Грапели…

- Неговото музицирање еволуира не само во рамките семејството туку и во рамките на Бела Барток конзерваториумот во Будимпешта, каде во 1984 година ја освоил првата награда за класична виолина. Во периодот од 1986 до 1996 година, тој и неговиот ансамбл ја воодушевуваа публиката на „Les Atéliers de la grande Ille“ во Брисел, нивниот музички дом, информираат од НУ Центар за култура-Битола, домаќини и организатори на концерот на Лакатош и битолскиот камерен оркестар.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>