На 13 март (понеделник) од 20.00 часот во објектот Мала станица, при Национална галерија на Македонија ќе биде отворена несекојдневна изложбана дела од ученици по меѓународна матура од средното училиште "Јосип Броз Тито".
Скопската публика ќе има можност да види интересни приоди на 20- ина млади креатори на сопствени светови. Оваа година настапот е јубилеен и се одржува по дваесетти пат, и петти во истиот професионален простор.
Со ова се продолжува заложбата на Национална галерија на Македонија да им се дава можност на младите да напредуваат и покажат својот креативен потенцијал.
Ова е 20-тата изложба на учениците од Меѓународна Матура (IB) при гимназијата „Јосип Броз Тито“.
На истата ќе се претстават 20 ученици со самостојни изложби:
Борис Поповски, Милица Секуловска, Марко Стојановиќ, Марко Бејатовиќ, Лора Дамеска, Бранкица Крстева, Стефан Симоновски, Сара Ѓорѓиоска, Лина Мишачковска, Гала Глигороска, Сандра Станческа, Павле Петровски, Стефан Соларски, Иван Митревски, Теона Андоновска, Миа Перчуклиевска, Лола Давидовиќ, Александар Пенчиќ, Михајло Малцев, Јана Димитрова, под менторство на професорката Ангелина Дамјаноска Наумоска.
Изложбата ќе биде отворена за посетители до 15-ти март.

