Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

„Господ е жив“ на сцената на велешкиот театар

$
0
0
Вовед: 

На малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечерва, 19 март, ќе биде изведена монодрамата „Господ е жив“, авторски и автобиографски проект на актерката Драгана Босниќ...

Содржина: 

Претставата е на српски јазик и е дел од проектот за културна поддршка на српското малцинство во Република Македонија.

Босниќ рече дека во претставата е обработена личната приказна на 40-годишна жена, која по два брака во две држави, останува без работа и е во безизлезна ситуација

. – Во еден момент додека е во дупката, ја прифаќа подадената рака која што ја извлекува од мракот кон светлината, посочи Босниќ.

Драгана Босниќ е дипломиран актер. Родена е во 1967 година, во Војводина. Актерска игра запишува и дипломира на Академијата за уметност во Нови Сад, во класата на проф. Петар Баниќевиќ.

Професионалната актерска кариера ја почнува во Нови Сад, а потоа игра на сцената на Народниот театар во Сомбор, еден период во Народниот театар „Непсинхаз“ во Суботица, а потоа во КПГТ Белград, од каде доаѓа во Скопје. Вработена е во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, а настапува и на сцените на Драмскиот театар, Македонскиот народен театар и во Кумановскиот театар.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>