Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Отворени јубилејните 40-ти „Денови на македонска музика“

$
0
0
Вовед: 

Со проектот „Апокалиптикум“ на Драган Даутовски, вчеравечер, 27 март, во Македонската опера и балет свечено беше отворено јубилејното 40-то издание на манифестацијата „Денови на македонска музика“...

 

Содржина: 

На отворањето на манифестацијата која се одржува во јубилејна година и за СОКОМ - кој одбележува седум децении од своето постоење, присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Манифестацијата „ Денови на македонската музика“ е резултат на големите заложби и посветеноста на македонските музички творци кои како дел од Сојузот на композитори на Македонија даваат огромен придонес во развојот на македонската музичка култура, претставувајќи ги најновите авторски остварувања на македонските композитори кои особено во последните години интензивно творат и го збогатуваат македонското музичко наследство.

На „Деновите на македонска музика“, во периодот од 27 март до 13 април, на неколку сцени – како Музеј на град Скопје, Македонската опера и балет и Домот на АРМ, ќе се одржат 11 концертни претставувања во кои ќе партиципираат повеќе од 150 изведувачи, и на кои премиерно ќе прозвучат бројни дела од македонски и странски автори.

Освен домашните солисти и диригенти, публиката ќе може да чуе изведби и на странски ансамбли и изведувачи, ќе се одржат и неколку работилници, мастер класови, предавања и семинари од областа на современото музичко творештво.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>