Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Амбасадорот на Словенија ја посети Националната галерија на Македонија

$
0
0
Вовед: 

На средбата беше констатирана долгогодишната добра соработка со Амбасадата на Република Словенија и разговарано за нови можности на културен план, информира НГМ...

Содржина: 

Амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец ја посети Националната галерија на Македонија (НГМ) во галерискиот објект Чифте амам каде што директорката на националната установа Дита Старова-Ќерими му претстави 19 експонати од збирката на словенечки автори.

Како што информира НГМ, тие се дел од Југословенската збирка која ја поседува Галеријата. – Словенечката збирка има 31 дело и датира од самите почетоци на основањето на Галеријата и иницијативата за оформување колекција со дела на познати автори од времето на тогашната СФРЈ.

Во збирката се вбројуваат седум слики масло на платно, еден мозаик, три релјефи, три цртежи, пет скулптури и дванаесет графики.

Меѓу авторите од Словенија чии уметнички дела се во сопственост на Националната галерија на Македонија, се: Рихард Јакопич (1869-1943), Матеј Стернен (1870-1949), Матија Јама (1872-1947), Максим Седеј (1909-1974), Борис И. Калин (1905-1975), Зденко Калин (1911-1990), Јанез Берник (1933-2016), Долинар Лојзе (1893-1970).

НГМ соопшти дека посетата на амбасадорот Јазбец, кој бил придружен од советникот Уршка Поточник, е потврда за добрите односи кои НГМ со децении ги негува со претставници на дипломатскиот кор во Македонија.

– На средбата беше констатирана долгогодишната добра соработка со Амбасадата на Република Словенија и разговарано за нови можности на културен план, информира НГМ.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>