Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Објавено 17то издание на списанието „Македоника“

$
0
0
Вовед: 

Друштвото за издавачка дејност Македоника литера од Скопје деновиве го објави најновиот број на списанието „Македоника“...

Содржина: 

Во бројот 17 се публикувани повеќе текстови тематски поврзани со Македонија. Во новиот број, меѓу другото, се објавени два мемоарски текста – едниот е извадок од спомените на Георги Баждаров (досега необјавени во Македонија), а другиот е текстот на Германецот Ханс Ерке „Македонија во доживувањата на германскиот војник“, кој всушност е негово сеќавање за Македонија во која престојувал како војник во текот на Првата светска војна.

Невен Радически пишува за странската пропаганда во Македонија во педесеттите години на минатиот век, а Драган Зајковски за карактеристиките на византиското религиско мисионерство во периодот од 9 до 11 век.

Димитар Љоровски Вамваковски пишува за андартското движење во југозападна Македонија во 1906 година, а се публикувани и документи за масакрите на грчките андартски чети во Македонија во тој период. Александар Трајановски пишува за Иван Наумов – Алабакот, ослободителот на Крушево за време на Илинденското образование, Владимир Јанев за занаетчиската дејност ан Евреите во Македонија во 18 и 19 век, а од Александар Симоновски е објавена статија за апсењето на Миливоје Трбиќ во 1947 година.

И во овој број е објавен литературен прилог од странски автор тематски посветен на Македонија – песна од Рафал Алберти.

На крајот се објавен и осврти на Александар Трајановски и Васил Дрвошанов за македонистички трудови, како и информации за новообјавени трудови поврзани со македонската култура и историја.

Воведна слика: 
Категорија: 
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>