Денеска, 31 март, во 12 часот, во галерија Остен ќе започне изложбата на карикатури на хрватскиот карикатурист Дамир Новак, наречена „Џунгла на асфалтот"!...
Ќе бидат изложени 40 негови карикатури со урбана содржина. Ќе бидете во можност, меѓу останатото да земете изјава од Новак и да дознаете повеќе за инспирацијата зад неговите генијални карикатури,
Дамир Новак роден во 1960 година е истакнат карикатурист од Хрватска и овогодишен селектор и член на стручното жири на 49-та СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА на КАРИКАТУРИ Скопје 2017. Тој е член на хрватското друштво на карикатуристи од самото основање, каде повеќе пати е избиран за член на извршниот одбор. Добитник е на 51 награда за карикатури од кои 16 во Хрватска, а останатите во: Кореја, Кина, Сирија, Италија, Австрија, Канада, Македонија, Иран, Романија, Турција, Чешка...
Учествувал на многубројни изложби меѓу кои: Дом на хуморот во Габрово (Бугарија), Колашин (Црна Гора), Центар за култура – Чаковец. Постојан соработник e повеќе од 27 години на неделникот “Меџумурје” каде објавува карикатури, стрипови и портрети од познати личности.
Соработник е во противпожарен весник за чии потреби преку карикатури работи на боенки за деца, стрипови за деца на тема провипожарна заштита. Повремено ги објавува своите дела во речиси сите хрватски весници, а во последно време е присутен и во дигиталните медиуми.

