Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Априлијада 2017 на плоштадот во Скопје

$
0
0
Вовед: 

Детски културен центар Карпош и Град Скопје за утре, 1 април, од 11 до 13 часот на Плоштад Македонија, организираат невидена детска журка „Априлијада 2017-Скопје се смее“, за сите градинки, училишта и деца од град Скопје и од околината...

Содржина: 

Во дневниот дел од забавата со маски, принцовите, принцезите, кловновите, самовилите и сите ликови од цртаните филмови ќе ги забавуваат фолклорната секција и балетската секција на ДКЦ „КАРПОШ“, децата од Златно славејче и Танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.

Ноќната забава ќе почне во 20 часот, а на Плоштад Македонија ќе настапат: Андријана Јаневска, Мартија Станојковиќ, Влатко Илиевски, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу и групата-BRASS BROTHERS. Маскираните посетители ќе продефилираат на сцената, ќе има и други изненадувања, да не откриваме се, а за крај и настап на Диџеј.

Како и изнинативе години Детски културен центар Карпош со конкурси ги повика основните и средните училишта да учествуваат во манифестацијата и да се натпреваруваат за најубава маска и карикатура за коишто ќе им додели вредни награди и дипломи во своите простории, а во вечерниот дел од манифестацијата на бината ќе продефилираат учениците од средните училишта со групни маски, а учесниците во најдобрата групна маска ќе добијат и вредна награда.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>