Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Конкурс за државната награда „Мајка Тереза“

$
0
0
Вовед: 

Конкурсот за доделување на државната награда „Мајка Тереза” во 2017 година ќе трае од 1 до 30 април...

Содржина: 

Министерството за култура конкурсот со условите и правилата за учество го објави на својата веб-страница www.kultura.gov.mk.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата. Паричниот дел од наградата изнесува пет просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци на тековната година.

Иницијатива за доделување на државната награда „Мајка Тереза” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани. Во една година може да се доделат најмногу до две награди.

– Со државната награда „Мајка Тереза“ се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, наведува Министерството за култура.

Иницијативите за доделување на наградата треба да се пратат во рокот до Министерство за култура на Република Македонија – Одбор за доделување на државната награда „Мајка Тереза”, ул.„Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 – Скопје.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>