Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Наградата за животно дело на „Мал битолски Монмартр“ за Арнаут Његош

$
0
0
Вовед: 

Арнаут Његош, ликовен педагог и сликар роден во Босна и Херцеговина, кој живее и работи во Власеница, Република Српска, е годинaшен добитник на наградата за животно дело „Богомил Карлаварис“ што ја доделува меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“...

Содржина: 

– Наградата за животно дело од минатата година се доделува во чест на професорот Карлаварис, осведочен и потврден вљубеник на „Мал битолски Монмартр” или како што уште го нарекуваа – новосадски битолчанец, пријател на Битола и на Македонија, истакна Коста Хаџи Антоновски, раководител на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола.

Тој посочи дека ликовниот педагог Арнаут Његош е заслужен што секоја година многу деца од Босна и Херцеговина испраќаат ликовни творби или колекции, а пред неколку години за време на неговиот престој во Битола му е доделена наградата гран-при.

– Годинава одлучивме да му доделиме награда за животно дело, а предноста над останатите конкуренти за ова признание ја доби затоа што долги години е наш соработник и го заслужи празнанието, посочи Хаџи Антоновски.

Ликовниот уметник Арнаут Његош има голем сликарски стаж, како просветен работник со своите ученици добил голем број признанија и награди од сите страни на светот. Неговата омилена техника на ликовно изразување е масло на платно. Успешен е како иконописец, изработил повеќе иконостаси и слики кои красат многу домови и службени простории во многу градови и држави.

Меѓународното стручно жири на „Мал битолски Монмартр“ одлучи на светската изложба што ќе биде отворена на 23 мај во Битола да претстави 899 избрани ликовни творби, а за време на свеченото отворање ќе бидат доделени 367 награди во различни категории, како што се „Златна четка“, „Златна палета“, дипломи и наградата гран-при која годинава им припадна на учениците од Спишка Бела, Словачка.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>