Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Промовирани шест романи од македонски писатели преведени на бугарски јазик

$
0
0
Вовед: 

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вчеравечер, 3 април, беа промовирани шест романи од помладата генерација македонски писатели преведени на бугарски јазик...

Содржина: 

Бугарските книгоиздателства „Персеј” и „Изида” во изминатите две години издадоа десетина книги на македонски автори, а на оваа промоција беа претставени романите „Вишновата хроника” од Фросина Пармаковска, „Куфер за тројца” од Живко Грозданоски, „Бездомникот со златен часовник” од Вера Калин, „Црвено и бело” од Михајло Свидерски, „Безимената месечева соната” од Давор Стојановски и „Очи со боја на чевли” од Петар Андоновски.

– Овие дела веќе предизвикуваат интерес кај бугарската читателска публика, а во Македонија беа финалисти на наградата „Роман на годината”, Оваа генерација македонски писатели предизвикува исклучителен интерес и кај стручната јавност, но најмногу кај читателската публика. Наградувани се со бројни домашни, но веќе и со меѓународни признанија, информира КИЦ на РМ во Софија.

За авторите и нивните дела зборуваа Васко Шутаров, од име на домаќинот и иницијатор на овој проект – Културно-информативниот центар на Република Македонија, Пламен Тотев од име на книгоиздателствата „Персеј” и „Изида”, и Тања Попова од име на преведувачите на овие дела.

– Интересот за конкурсот на Министерството за култура за поттикнување на превод на македонски автори во странство, имаше исклучителни резултати во книгоиздателството во Бугарија. Изминатите неколку години, преведени се и издадени повеќе од 25 дела, од сите литературни жанрови и од сите писателски генерации. КИЦ на Република Македонија веќе ги промовираше стихозбирките „Ѕвезден корен” од академик Анте Поповски и антологијата на современата македонска поезија „Портал на сонцето”. До крајот на годината ќе бидат промовирани дела од академиците Влада Урошевиќ и Луан Старова, како и неодамна излезениот роман на Јулијана Величковска „Годишни времиња”, наведува КИЦ на РМ во Софија.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>