Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Наградени најдобрите изданија меѓу два саема

$
0
0
Вовед: 

Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) вечерва на Саемот на книгата ги додели наградите за најдобри изданија меѓу два саема.

Содржина: 

Наградите кои се доделуваат за прв пат се во шест категории и за нив одлучуваше стручно жири:

1. Награда најдобра едиција – едиција „Бранови“ на издавачки центар Антолог

2. Најдобро печатено издание – Бајки од Македонија на издавачка куќа Арс Ламина

3. Најдобро ликовно-графичко решение – Современи класици на ИК Арс Ламина

4. Најпродаван домашен автор – Коста Петров, Издавачки центар ТРИ

5. Најдобра книга за деца – Бајки од Македонија на ИК Арс Ламина

6. Најкреативно издание  – Планум на Паблишер

За наградите одлучуваше стручно жири во состав: Проф. Д-р Владимир Мартиновски – универзитетски професор, проф.д-р Симона Грујовска Маџоска – Институт за македоснки јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Петар Андоновски – писател, Никола Војнов – креативен директор во New Moment и Нина Стефанова – новинар во ТВ Телма.

Управниот одбр на МАИ додели и две специјални награди:

7. Промотор на читачката култура – Букбокс (Bookbox)на off.net.mk

8. Издавачка куќа со најголема општествена одговорност – Арс Ламина за изработка на учебници за деца со оштетен вид

Ова е прва година како се доделуваат овие награди, а идејата е МАИ да ја вреднува токму издавачката работа и да го поттикне и поддржи квалитетот во производството на книги. На свеченоста кусо обраќање имаше и претседателот на Асоцијацијата Бојан Саздов, кој ја истакна потребата од проширување на членството, заедничкото делување во фелата, изготвувањето календар на саемски и други манифестации, формирање суд на честа, како и заедничко застапување пред институциите. Една од заложбите на МАИ беше и достоинствен Промотивен центар кој издавачите го добија на годинашниот саем, како и отворање на Хала 2.

Утре на програмата на Македонската Асоцијација на издавачи е Претставувањето на капиталните едиции реализирани од Министерството за култура на Р. Македонија. За „ Ѕвездите на светската книжевност“ и „Светско книжевно наследство“ ќе зборуваат Јовица Тасевски Етернијан од НУБ „Свети Климент Охридски“ - Скопје и Зорица Теофиловска од КСЦ „Полица“. Настанот е закажан во 11.00 часот во Промотивниот центар на Хала 2.

 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>