Наградата „Антологија на болката“ е награда за најдобра дебитантска и необјавена поетска збирка љубовна поезија од современ македонски поет...
Конкурс за доделување на наградата „Антологија на болката“ за годинава објави Здружението на граѓани „ФАД Стоби“, во својство на организатор на културната манифестација „Рацинови средби“, а во соработка со издавачката куќа „Култура“.
Целта на наградата е афирмација на дебитанти и млади автори на современата македонска поезија. Наградата се состои во публикација од страна на издавачката куќа „Култура“, како и промоција на публикацијата во рамки на 54-тото издание на „Рациновите средби“.
На конкурсот за наградата можат да учествуваат поети со дебитантски и необјавени збирки љубовна поезија.
За наградата на конкурсот одлучува стручна жири-комисија во состав: Ана Костовска, директор на издавачката куќа „Култура“, Даница Лепојевиќ Ивановска, поет и минатогодишен лауреат на наградата и Катерина Момева, писател. Конкурсот трае до 5 мај 2017 година.
Дебитантските и необјавени поетски збирки, заедно со податоци за авторот треба да се достават по електронски пат на мејл адресата racinovisredbi@gmail.com

