Во среда, 12 април, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет, ќе биде изведена спектакуларната претстава „Турандот“ на Џакомо Пучини...
Минатата година „Турандот“ имаше нова премиера, со нова авторска екипа, нова режија, сценографија и костимографија и наиде на одличен одѕив , како кај публиката, исто така и кај критиката.
Во „Турандот“ во среда имаме двајца несекојдневни гости од Кина. Ќе настапат: Павлина Новакова-Георгиев, во насловната улога, во улогата на Калаф, кој ја интерпретира прославената арија NESSUN DORMA, ќе настапи Ворен Мок-Кина, Лиу: Бинг Бинг Ванг-Кина, Тимур: Владимир Саздовски, Пинг: Кристијан Антовски, Панг: Дарко Нешовски, Понг: Дејан Стоев, Мандарин: Диме Петров, Алтоум: Марјан Николовски, Принцот од Персија: Дарко Нешовски, Џелат: Тихомир Јакимовски.
Режисер, сценограф и костимограф е Џанкарло дел Монако од Италија, инаку син на прославениот тенор Марио дел Монако, а диригент, Иван Еминовиќ.

