Stacion - Центарот за современа уметност од Приштина го објави отворениот повик за учество на летната школа Summer School as a School (SSAS) за 2017 година...
Summer School as a School (SSAS) е уметничка и образовна платформа иницирана и имплементирана од Stacion - Центарот за современа уметност во Приштина во соработка со партнери од Љубљана, Њујорк, Белград, Виена, Осло, Скопје и Сараево.
Организаторот Stacion - Центарот за современа уметност, во соработка со Проектниот простор Прес ту егзит од Скопје како партнерска организација од основањето на проектот, овозможува финансирање на учество на школата за неколку македонски кандидати.
- Оттука, ги повикуваме заинтересираните студенти и публика да присуствуваат на презентација на проектот на 11 април (вторник) во Музејот на Современа уметност во Скопје со почеток во 15.00 часот каде иницијаторот и организаторот на проектот Алберт Хета ќе го претстави проектот на летната школа, овогодинешната програма и можностите за учество и соработка, се вели во соопштението.
При претставувањето ќе бидат вклучени и Јане Чаловски, основач на партнерската организација Проектен простор Прес ту Егзит, Бујар Хоџа, професор и предавач на школата во 2016. и Наташа Неделкова, минатогодишен учесник во школата која ќе го сподели своето искуство од присуство на истата.
Програмата на школата ќе се одржува во периодот од 10-ти до 24-ти јули, 2017 година. Крајниот рок за пријавување на истата е 30 април 2017.

