Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Книжевни разговори со Славе Ѓорѓо Димоски

$
0
0
Вовед: 

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје организира Книжевни разговори со Славе Ѓорѓо Димоски, добитник на наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ за 2015 година за книгата „Јазичен триптихон“...

Содржина: 

Настанот ќе се одржи на 16 јуни (четврток) 2016 година, со почеток во 12.00 часот, во спомен - собата на Миладиновци во Библиотеката.

На средбата ќе се разговара за поезијата на Димоски и за актуелните состојби во македонската книжевост. За делото на Димоски ќе зборува проф. д-р Димитар Пандев, а стихови од неговата поезија ќе кажува актерот Томе Витанов. Разговорите ќе ги води Братислав Ташковски.

Славе Ѓорѓо Димоски – поет, писател,есеист, преведувач и писател за деца. Автор е на триесет ишест книги (првообјавени книги, избори, преводи, препеви и антологиски избори) Добитник е на најважните награди за поезија кои се доделуваат во Република Македонија. Преведен е на дваеаетина светски јазици и е застапен во сите антологии на македонската поезија објавени во Македонија и низ светот по 1982 година.

Основач е и долгогодишен раководител на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово, а сега е претседател на Управниот одбор на Националната установа Струшки вечери на поезијата.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>