Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

„Волшебно велигденско дрво“ за лицата од Центарот за церебрална парализа Капиштец

$
0
0
Вовед: 

Настанот е посветен за 39-те деца и младинци кои го посетуваат Дневниот центар за лица со церебрална парализа-Капиштец...

Содржина: 

Во пресрет на празникот Велигден, Црвениот крст на град Скопје во соработка со Ramstore Mall, Комерцијална банка и ЈУ Центар за социјална работа организира настан “Волшебно велигденско дрво”.

Настанот е посветен за 39-те деца и младинци кои го посетуваат Дневниот центар за лица со церебрална парализа-Капиштец. Лицата од Центарот на 20 март ги запишаа своите желби на наменски картички-велигденски јајца и заедно со волонтерите на Црвениот крст ги закачија на големото “Волшебното велигденско дрво”.

Сите хумани граѓани кои го посетија велигденското катче во ТЦ Рамстор како и ученици преку организирани работилници, имаа можност да ги исполнат желбите на лицата од Центарот и да придонесат за нивна среќа.

Доделувањето на подароците ќе биде денеска (среда) во 11:00 часот во просториите на ТЦ Рамстор.

Активноста е во рамките на проектот за поддршка и социјализација на деца и младинци со посебни потреби поддржан од а.д Комерцијална банка, каде Црвен крст на град Скопје 8 година по ред реализира различни активности со цел олеснување на животот и потребите на овие лица и нивна полесна интеграција во општеството.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>