Вовед:
Вчеравечер, 11 април, во салонот на Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија, беше отворена самостојна ликовна изложба на Соња Чингарова Фотева...
Содржина:
"Мандала 2"е насловот на изложбата, со кој преку 18 дела од различни творечки циклуси (2007-2017), се претстави Чингарова Фотева, пред публиката во Софија.
Организатори на овој ликовен проект беа Музеј на Град Скопје и Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, во чие име, директорот на Центарот Васко Шутаров и кустосот советник Дора Андова-Фотева од Музеј на Град Скопје, ја отворија изложбата.
Првото самостојно ликовно претставување на Соња Чингарова Фотева е дел од годишната програма на Центарот во Софија за 2017 година.
Воведна слика:

Категорија:
Иде на слајдер ?:
Не
додади слика:
