Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Концерт на Македонската филхармонија за затвоpањето на „Денови на македонската музика“

$
0
0
Вовед: 

Четириесеттите „Денови на македонска музика“ завршуваат вечерва, 13 април, со симфониски концерт на Македонската филхармонија. 

Содржина: 

Солист ќе биде виолончелистот Гал Фаганел (Словенија/САД), а концертот ќе го води британскиот диригент Крис Расман.

Ќе бидат изведени дела од неколку генерации македонски музички творци: Концертантна музика за виолончело и гудачи од Тома Прошев, третиот став од Симфонијата бр. 4 на Кирил Македонски, третиот став од Симфонијата бр. 7 „Пролет“ од циклусот „Четири годишни времиња“ на Ристо Аврамовски. Премиерно во Македонија ќе прозвучи и симфониското дело „Небесен попречувач“ на младиот автор Мајкл Бакрнчев.

Јубилејните Денови на македонска музика, кои ги организира Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), годинава на програмата имаа единаесет концертни термини, како и работилници, презентации и предавања. Манифестацијата почна на 27 март со концертот на инструментална музика „Апокалиптикум“ на Драган Даутовски.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles