Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Во Битола се одбележа Меѓународниот ден на заштитата на културното наследство

$
0
0
Вовед: 

На промотивниот кутурен настан во Битола беше изложена иконата „Богородица живоносен Источник“ која според директорот Зоран Алтипармаков е исклучително вредна и раритетна икона која Музејот со средства од Министерството за култура ја откупиле од битолското семејство Лала...

Содржина: 

Националната установа Завод и Музеј-Битола, Меѓународниот ден на заштита на културното наследство – 18 април, го одбележа со презентации на тема „Заштита на сакралните споменици во битолско“ и „Иконата Богородица живоносен Источник“.

Според Ристо Палигора, вработен во НУ Завод и Музеј-Битола, микроклиматските услови, големата концентрација на влажност, како и исселеноста на различни рурални локации во регионот директно влијаат врз соодветната грижа на некои цркви и црковното богатство и потребна е промена на тој амбиент.

- Во наредниве денови ќе почнеме конзерваторски операции врз фрескоживописот на црквата во селото Курбиново. Според проектот предвидена е промена на кровниот материјал и кровната конструкција, ќе има зајакнување на ѕидовите и други конзерваторско-реставраторски работи, појасни Палигора.

На промотивниот кутурен настан во Битола беше изложена иконата „Богородица живоносен Источник“ која според директорот Зоран Алтипармаков е исклучително вредна и раритетна икона која Музејот со средства од Министерството за култура ја откупиле од битолското семејство Лала.

- Стручни екипи на Музејот ја конзервираа и реставрираа иконата и од денес ќе биде поместена во постојаната изложбена поставка на нашата национална установа. Иконата е од 19 век, и во неа се пренесени мотиви за одбележувањето на празникот Велигден, потврди Алтипармаков.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles