Во организација на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес од 20 до 24 април во селото Нежилово ќе се организира четиридневно стрип училиште за креативен ангажман...
Оваа активност е дел од проектот „СТРИПОТ КАКО КРЕАТИВНА АЛАТКА ВО ФУНКЦИЈА НА ГРАГАНСКИОТ АНГАЖМАН“. Финансиер е ЦИВИКА МОБИЛИТАС -проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU).
Во периодот на престојот 12 цртачи од Скопје, Куманово ,Струмица ,Кратово, Битола и с.Горно Јаболчиште со помош на нивни водичи и персоналот на СЦМ –Велес ке ги довршат веке подготвуваните стрип дела со приоритетни теми за цртање : миграции, мегетнички односи, родови прашања но и екологија и др. теми во зависност од афинитетот и интересот на авторите.
Целта на проектот „СТРИПОТ КАКО КРЕАТИВНА АЛАТКА ВО ФУНКЦИЈА НА ГРАГАНСКИОТ АНГАЖМАН“ е да се афирмира стрип уметноста како алатка за испраќање на општествени пораки преку креативен процес на поединци и институции.
Согласно на искуствата којшто спроведувачката организација ги има во имплементацијата на претходно изведени слични проекти, овојпат доста се внимаваше на талентот на избраните цртачи, како и времето на подготовка на темите и контурите на нацртаните стрип дела, коишто треба да се довршат за време на ова стрип училиште.
Ќе се промовира и македонската и интернационалната стрип сцена ,а ке се организираат и тематски состаноци за вмрежување заради афирмирање и социјална примена на стрип културата во нашата земја.
После организирањето на ова училиште од нацртаните дела ќе се издаде пригоден каталог, како и изложби во сите места од кадешто се учесниците.

