Вечерва, 20 април, со почеток во 19 часот, во Ликовен салон, Велес ќе биде отворена Групна изложба на уметници од Чешка и Македонија со наслов „Изминување на времето“...
На изложбата со свои дела ќе се претстават уметниците Ленка Сарова Малиска, Варвара Дивишова, Мариана Аласер, Михаел Поспишил, Карел Штаинер, Катерина Таневска, Глигор Васков, Андријана Мациев, Мирјана Крстева Массетти, Марјан Ѕин, Петра Јовановска и Рафаел Ристовски.
Застапени се автори од разни генерации, 12 автори со 33 дела; творејќи во различни медиуми како: сликарско, вајарство, графика, фотографија, плакат, видео, инсталација итн.
Изложбата свечено ќе ја отвори Мирослав Рамеш Амбасадор на Чешка, градоначалникот на Општина Веле, Славчо Чадиев и директорката на Народен музеј Велес, Елица Николова.
Изложбата е финансиски поддржана од Министерство за култура на Р.епублика Македонија.
Организатор и куратор на ликовниот проект е ликовниот уметник Петра Јовановска.

