Годинашни добитници на меѓународната награда „Струшко слово“ за 2017 година се книжевниците Мујо Бучпапај од Албанија, Жарко Милениќ од Босна и Херцеговина и Панде Манојлов од Македонија...
Меѓународната награда „Струшко слово“ ја доделуваат Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“.
На странските добитници им се доделува за заслуги за градење пријателски односи меѓу авторите на Балканот, а Манојлов ја добива за афирмација на македонскиот јазик, литература и култура и за книжевниот пробив во Македонија, арапскиот свет и пошироко.
Наградата ќе им биде врачена на манифестацијата „Струшки кнжиевни средби“ што годинва ќе се одржува на 6-ти, 7-ми и 8 јули во Струга, Охрид и во Вевчани.
Досегашни добитници на меѓународната награда „Струшко слово“ се Валерио Орлиќ (Хрватска) Ѓорѓе Добре (Романија), Васил Тоциновски и Виолета Димова (Македонија).

