Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Последната претстава на Пандур – „Фауст“ на 24 јуни на „МНТ фест“

$
0
0
Вовед: 

„Фауст“ е последна претстава во театарскиот опус на познатиот словенечки и меѓународно признат режисер Томаж Пандур кој во април годинава ненадејно почина на проба во МНТ каде го подготвуваше „Кралот Лир“...

Содржина: 

На „МНТ Фест“ во Македонскиот народен театар на 24 јуни ќе гостува „Фауст“ – копродукција на Словенско народно гледалишче и 63-от Фестивал Љубљана.

Тоа е последна претстава во театарскиот опус на познатиот словенечки и меѓународно признат режисер Томаж Пандур кој во април годинава ненадејно почина на проба во МНТ каде го подготвуваше „Кралот Лир“.

– Пандур со алхемичен процес ја преобразува легендата за Фауст во интелектуална и емотивна атмосфера на нашето време и создава своја сопствена поезија и вистина. При вечната борба против сеприсутното зло, го нагласува бескрајниот копнеж кон се што ни е недостапно или неостварливо: кон семејството, љубовта, младоста, убавината. Влегувањето во просторите на магијата, во пределите на космичките сфери, на Фауст, барем за миг, му овозможува доживување и исполнување, љубов, власт и моќ, а со крв потпишаниот договор со Мефисто – или со самиот себе – на крај го враќа во неговата самотија и минливоста на животот, наведува МНТ во најавата за „Фауст“.

На премиерата на „Фауст“ во Љубљана, во септември 2015 година, Пандур изјавил дека ремек делото на Гете – „Фауст“, драмската поема за еден човек кој има потпишано договор со ѓаволот, се нарекува и „божествена трагедија“, бидејќи зборува за микро и макрокосмосот, за личното и јавното, за вештините и знаењето, за неодоливата потреба и постојан стремеж на поединци за се поголемо и подобро, без оглед на цената на овие страсти.

– Приказната за Фауст во текот на вековите се развила архетипски мит за човечките стремежи и дилеми и се обидува да го дешифрира и да го разбере поединецот во неговата постојана борба со доброто и злото. Во оваа адаптација и поставка на Фауст злото настапува во множина; Ѓаволот веќе не е сам, доаѓа со своите соработници за полесно да го изведе својот познат смртен танц. Гледаме маж распнат меѓу небото и земјата, кој се обидува да ја најде вистината и смислата на човечкиот престој. И тоа е суштината на театарот – да се зборува и да поставуваат прашања во врска со една од најважните прашања на човековото постоење, истакнал режисерот на премиерата на „Фауст“.

Насловната улога ја игра Игор Самобор, а актерот Бранко Штрубеј ќе го игра ликот на Мефисто. Во актерската екипа се и: Барбара Церар, Полона Јух, Бранко Јордан, Урош Фурст, Роберт Корошец, Филип Самобор, Жан Перко и Матиц Лукшич. Драматург и автор на адаптацијата на преводот на Божа Водушка и Ерик Воук е Ливија Пандур, сценограф е Свен Јонке (NUMEN), костимограф Фелипе де Лима, дизајнер на видео Доријан Колунџија, композитор Примож Хладник и Борис Бенко (SILENCE) и дизајнер на светло Томаж Пандур.

Претставата трае два и пол часа со една пауза. Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата на МНТ.

Цената за партер е 600 денари, а за прва и втора галерија е 400 денари.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles