Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Фредерик Бегбеде: Измислените елементи се највистинити

$
0
0
Вовед: 

Улогата на писателот не е да дига револуции. Тој треба да го набљудува светот, да му се смее, да му ја кажува вистината, да внесува емоции и да создава убавина. Тоа е неговата работа - вели во интервјуто за Cooltura.mk славниот француски писател со светско реноме Фредерик Бегбеде.

Содржина: 

Фредерик Бегбедее еден од најголемите писатели на денешнината, современа икона на француската и париската културна сцена, автор со препознатлив стил, гласно искажани ставови по многу прашања и изграден имиџ на кој може да му позавидат многу јавни личности и нивните ПР тимови.

Aвтор на 11 романи, есеист, книжевен критичар, режисер, телевизиски водител, диџеј и копирајтер. Светското реноме го стекнува преку стотиците продадени и преведени книги (негов издавач во Македонија е „ТРИ“), со густиот распоред на меѓународни книжевни гостувања, но и чести јавни настапи по француските медиуми. Бегбеде истовремено ги носи епитетите „денди“ и „лошото момче“ на француската книжевност. Шармантен и непосреден, иако вели дека е песимист, сепак успева да измами насмевки од сите околу него. 

Во книгата „399“ го критикувате модерното потрошувачко општество. Колку тоа е сменето од времето кога ја напишавте/ објавивте оваа книгата и колку во него има место за книгите и писателите?

- Книгата се роди од културата, има своја реалност, таа за жал е продукт на општеството. Таа е дел и од маркетингот на тоа консумерско општетсво, се среќава со публиката. Производ е на потрошувачкото општетсво, исто како и јогуртот, како и се’ друго, но она што често го објаснувам е разликата. Јогуртот не се сомнева и не поставува прашања, писателот и книгата го прават токму тоа. Книгата за разлика од другите производи треба да живее и 100 години по нејзиното објавување.

Во „Француски роман“ главниот лик/нараторот на едно место извикува: „Ако не ме ослободите од затвор, ве предупредувам дека ќе напишам роман“. Ова е саркастично и иронично, но колку сметате дека современата литература вистински може да му се закани на општетството?

- Улогата на писателот не е да дига револуции. Тој треба да го набљудува светот, да му се смее, да му ја кажува вистината, да внесува емоции и да создава убавина. Тоа е неговата работа. Јас се чувствувам како затвореник, не буквално како во затвор, но затворен во кругот на трката по пари, работа, купувањето куќа, автомобил, напорот да се прехрани семејството. Да, понекогаш се чувствувам како затвореник.

Пишувате „Љубовта трае три години“ (наслов на еден од Вашите романи), а сепак постојано пишувате за неа, во секоја Ваша книга. Таа е вечна?

- Јас искрено верувам во тоа. Јас сум романтичен песимист. Во мојот роман „Романтичен егоист“ дури сум и меланхоличен. Моите книги не се многу весели, но сум романтичен. Верувам во љубовта, се надевам и сметам дека не смееме да ја изгубиме надежта. Во моите книги секогаш има љубов, но и нејзино губење и распад, не само во физичка и сексуална смисла, туку и тогаш кога таа престанува да биде забавна.

Ликовите на Вашиот последен роман „Уна и Селинџер“ се реални, вистински ликови од американската историја. Зошто се одлучивте токму за нив?

- Кога ја дознав приказната за нив двајца бев воодушевен, затоа што е прекрасна, но и многу тажна. Сите во животот сме имале по некоја таква љубов, во која многу сме сакале и многу сме страдале, но така учиме за животот. Нивната приказна е како модерен филм.

Во Вашите книги има повеќе автобиографски или елементи од фикцијата?

- Мешавина од двете. Има многу делови кои се навистина лични, интимни и се од мојот живот, но има и голем дел измислени елементи, продукт на имагинацијата. Токму овие кои се резултата на фантазијата се највистинити.

Ве нарекуваат „лошото момче“ на француската литература, но важите и за икона на парсиката културна сцена, како ги прифаќате овие епитети?

- Па подобро е да се има некаков имиџ, отколку воопшто да го немаш. За дете (l’enfant -француски ) – да јас сум дете, но лошо момче не сум одамна, скоро 20 години. Јас сум старо дете.

 

Александра Јуруковска

 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>