Во галерија „КО-РА“ ќе биде отворена самостојна изложба на м-р Јасминка Новковска со наслов „Нова современа авангардна симболична уметност“...
Свеченото отворање на изложбата е денеска, 3 мај (среда) во 21.00 часот.
Јасминка Новковска е родена во 1975 година во Скопје. Во 1998 година дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Магистрирала во 2003 година на Националната уметничка академија во Софија. Имала две студиски патувања во Париз (1995) и во Рим (1998) година. Во 2001 година беше македонски претставник на Франкофонските игри во Отава, Канада. Во 2007 година реализирала студиски престој во Париз, а од октомври е и член на ДЛУМ.
Добитник е на наградата „Љубомир Белогаски“ за најуспешен млад автор за изложбата насловена „ЕРА“ во 2000 година, а во 2015 година „Остен“ ја прогласува за уметник на „Остен“ за 2015 година.

