Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

„Месец на Никола Мартиноски“ во Националната галерија на Македонија

$
0
0
Вовед: 

По повод „Месецот на Никола Мартиноски“, Националната галерија на Македонија ќе реализираа три исклучителни настани во име на културното наследство што го остави современикот на македонското сликарство и ликовната уметност...

Содржина: 

Првиот настан е промоција на монографија на 5 мај (петок), во 11 часот во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица.

Ќе се реализира промоција на монографијата „Никола Мартиноски до 1945“. Издавач на монографското издание е Националната галерија на Македонија а автор на монографијата е Проф. д-р Кирил Пенушлиски.

За монографијата на промоцијата ќе говорат д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија на Македонија, академскиот сликар Рубенс Корубин и академик Влада Урошевиќ.

Вториот настан е отворање на изложбата. Како продолжение на истражувачкиот труд , покрај промоција на монографијата ќе се реализира и изложба на слики и фоторепродукции на делата од Мартиноски кои датираат од самиот почеток на неговата ликовна кариера.

Изложбата носи наслов „Никола Мартиноски, почетоци 1919-1929“, ќе биде поставена и отворена во Мала станица на 11 мај (четврток), во 20 часот.

Трет настан е предавање на д-р Кирил Пенушлиски на 16 мај (вторник) во Мала станица, 11 ч асот. Проф. д-р Кирил Пенушлиски ќе одржи предавање на тема „Од Мартин во Мартиноски“.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>