Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Изложба на Валбона Атанасковска во Прилеп

$
0
0
Вовед: 

Вечерва, 5 мај, со почеток во 20.00 часот во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на дела „Импресии“ од Валбона Атанасковска...

Содржина: 

Ќе бидат изложени 18 дела преку кои уметницата ги пренесува нејзините впечатоци од различни патувања.

- Валбона Атанасковска иако е графичар се посветува на сликарството со чии средства најсоодветно го изразува својот темперамент и уметничка природа. Предмет на обработка и се пејзажот, портретот и актот што зборува за цврстата вкоренетост во сопственото опкружување. Нејзините пејзажи се изработени по сеќавање, но се полни со светлина и топол експресионистички сјај на бојата. Посебно внимание е дадено на контурната линија, како и на ритмичната поврзаност на целината. Во нив сепак преовладуваат живите колористички созвучја и експреисвната модулација на широките обоени површини. Бона не се подведува по модерните трендови туку го следи својот инстикт и ликовен резон. Нејизните дела го привлекуваат вниманието посебно со јасните форми , со боите од кои блика речиси детска радост и размена на енергија во два правци – вели за нејзините дела Владимир Величковски, член на AICA.

Атанасковска по втор пат се претставува пред прилепските љубители на уметноста. Таа е дипломиран сликар од ФЛУ во Тирана, а во 1997 година завршила и ФЛУ во Скопје - отсек графика и дизајн. Член е на ДЛУМ, а досега реализирала изложби во повеќе градови во Македонија, во Албанија, Германија...

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>