Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Владимир Ристевски: Секој современ автор треба да биде присутен на интернет

$
0
0
Вовед: 

Убавината на интернетот е што можете да добиете брз фидбек, да процените дали луѓето се поврзуваат со тоа или не. Кога видов дека луѓето реагираат на расказите што ги објавив на интернет, сфатив дека тоа ќе се чита и во книга – вели младиот писател Владимир Ристевски, автор на романот „Исповеди на еден психотичен ум“.

Содржина: 

Со едноставен стил, брутален јазик, вулгарности кои не ги заткрива зад флоскули, но со јасна визија за својата читателска публика, Владимир е еден од ретките автори во Македонија што за една година доживува трето издание од своето литературно деби „Исповеди на еден психотичен ум“ .

Неговото првенче е хит наслов кај помладата, но и кај повозрасната публика. Започна како серија раскази објавени на интернет сферата за денеска да се пфали и со епитетот на еден од најчитаните автори кај нас.

По една година од промоцијата „Исповеди на еден психотичен ум“ сe уште има читателска публика, се’ уште се шири, што мислите на што се должи овој успех?

– Па се прошири кругот на луѓе што ме читаат, за книгата слушнаа и оние кои не ме читале по интернет кога најпрвин објавував текстови во форма на кратки раскази. Има врска и тоа што повремено се прави промоција, сменивме корица за третото издание, а имам и уште неколку идеи околу ова

Колку ваквите маркетиншки идеи и трикови се важни за читаноста на една книга?

- Мислам дека се многу важни, некои луѓе што се поврзуваат со книгата сакаат да купуваат различни изданија на иста книга, некои сакаат да ги споредуваат, важна е и корицата, таа знае да привлече, но и да одбие читатели и многу е важно како книгата ќе им се претстави и промовира на луѓето. Тука се проширените и изменети изданија, колку повеќе има динамика толку читателите повеќе реагираат.

Ве споредуваат со Буковски, пишувате жаргонски и брутално, но Ве сакаат и повозрасните, на што се должи тоа?

- Интересни вибрации добивам од секаде, ова е малку побрутално дело, можеби не толку специфично за нашата средина, има реалноста, има вулгарности, не негативно сфатени, туку како аспект на луѓето кој не е толку опфатен во нашата литература. Во споредбата со Буковски можеби не сум близу до него стилски, туку повеќе во искреноста и отвореноста.

Колку книгата е автобиографска, колку во неа има преживеани моменти, а колку фикција?

- Направив интересно истражување преку разговори со луѓе што ја читале книгата и сфатив дека највпечатливите места за нив се оние кои се фикција, а најпритаените и најскриените се автобиографски (хахаха). Она што секој автор го зема од другите луѓе со кои е во комуникација, се мали делови што го градат главниот лик. За мене е многу важно тој лик никогаш на никого да не потсетува, туку да биде збир од се’.

Книгата е поврзана со Скопје сметате ли дека има и пошироко значење за публиката која не е од главниот град?

- Да, го има Скопје и скопскиот жаргон, случувањата и местата во него, важни дури и з о ние кои не живеат тука, но мислам дека има и пошироко значење. Сакам во некоја следна книга да доловам нешто и од животот од другите градови, посебно нивниот јазик и дијалект.

Започнавте на интернет, па објавивте и книга. Можете ли да направите споредба како е да се биде автор во е-сферата и да се биде читан во печатена форма?

- Убавината на интеренетот е што можете да добиете брз фидбек, да процените дали луѓето се поврзуваат со тоа или не. Кога видов дека луѓето реагираат на серијата раскази што ги објавив на интернет, сфатив дека тоа ќе се чита и во книга. Секој современ автор на овој или оној начин треба да биде присутен на интернет, само така може да ги придобие за читатели и луѓето кои не читаат, но по електронски пат ќе го препознаат неговиот стил.

Што е следно?

- Следно е продолжување на еден серијал раскази кој не беше довршен, ама сметам дека има потенцијал и дека ќе има читаност. Повторно ќе биде на теми кои не се многу третирани кај нас, а ексклузивно ќе откријам дека работниот наслов е „Виски во шолја за кафе“, па ќе видиме како ќе се развива (хахаxa).

Александра Јуруковска

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
Galerija: 
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>