Концертот „Еден ден на војната“ ќе се одржи во Битола на 7-ми мај во 19:30 часот на Широк Сокак. На концертот ќе настапат членови од здруженијата „Озарение“, „Чајка“ и „Славјанка“, како и учесници од „Романсијада“...
Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и Почесниот руски конзулат во Битола организираат концерт кој е дел од низата настани за одбележување на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот.
Концертот „Еден ден на војната“ ќе се одржи во Битола на 7-ми мај во 19:30 часот на Широк Сокак. На концертот ќе настапат членови од здруженијата „Озарение“, „Чајка“ и „Славјанка“, како и учесници од „Романсијада“.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во вокалните изведби на Александра и Стефанија Арсовски, рецитација на Гордица Величковска, а Ана Кондратенко на виолина и Викторија Митевска на клавир ќе настапат со музика од филмот „Шиндлерова листа“.
На сцената на Широк Сокак во Битола ќе ја видиме и Викторија Лоба, како и театарскиот перформанс на Катина Иванова, Дарја Ризова и Благој Веселинов во режија на Нина Николиќ.
Дел од овој настан е и здружението „Русичи“ кои се задолжени за изработка на симболот за Денот на победата, Георгиевската лентичка. Водител на концертот ќе биде м-р Елена Силјаноска.
Деветти Мај е денот кога во многу земји во светот, особено во оние кои биле во состав на антихитлеровата коалиција. Изминатите две години овој ден се прославуваше пред хотел Руссиа, за прв пат оваа година се случува во Битола.

